Map Graph

Манастир Св. Ѓорѓи (Ораовица)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Манастир Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ораовица. Претставува сакрален објект од среден век. На 2,5 км северно од селото, во дворот на сегашната црква се гледаат темели и ѕидови зачувани до висина од 80 см, кои веројатно припаѓале на една стара манастирска црква од XIV век. На јужниот ѕид се видливи сосема мали траги од фрескоживопис.

Read article